Main Menu

www.entityhost.net
Што е SEO?

SEO - Search Engine Optimization е прилагодување и оптимизирање на вашиот интернет сајт, преку користење на напредни и ефективни техники, за тој да биде лесно пронајден преку светски најпознатите интернет пребарувачи Google, Yahoo, MSN Search...

SЕО е комплексна тема. Во никој случај не може да добиете високи резултати доколку го оптимизирате вашиот сајт користејки само една од многуте расположиви техники, или уште помалку користејќи софтвери и сајтови кои ви нудат "врвни" резултати од типот "Ние ќе ви овозможиме да ве има во првите 10 резултати на повеќе од 50.000 пребарувачи...".

Самиот факт дека не постојат илјадници пребарувачи туку дека повеќето се всушност FFA (free for all) линкови или страници од специјален интерес кажува за тоа колку е ова сигурна постапка. Пријавувањето на овие страници не само што нема да ви донесе повисоки резултати, туку најверојатно ќе почнете да добивате купишта спам пораки во вашиот mailbox.

Голема е веројатноста дека вашиот сајт може да се најде на спам листата на Google, Yahoo или било кој од големите пребарувачи, а тогаш имате сериозен проблем (иако ова не е неповратно, изгубеното време сигурно е).

Според неодамнешно испитување, статистиката покажала дека повеќе од 1.000.000.000 (една милијарда) луѓе користеле интернет во 2005 година (извор: Nielsen/Net Ratings) и истите тие поминале двојно повеќе време онлајн отколку пред телевизор. Потрошувачите пак, од друга страна, потрошиле 143.2 милијарди долари преку интернет во 2005, што е за 22% повеќе отколку претходната 2004 година (извор: ComScore). Исто така, резултатите покажале дека 75% од купувачите кажале дека големината на компанијата од која купуваат не играла голема улога во нивната одлука при купување. Една многу важна бројка покажала дека 80% од интернет корисниците доаѓале до новите сајтови преку интернет пребарувачите (извор: Georgia Tech/GVU Users Survey).

Со други зборови ова значи дека 650 милиони луѓе користат интернет пребарувач во својата потрага по саканите информации. Токму овие луѓе се најпотенцијалните посетители на вашиот сајт кои со својата постојана потрага по нови информации, доколку вашиот сајт е оптимизиран за алатките кои тие ги користат, сигурно ќе го отворат токму него. Колку ќе се задржат и дали ќе најдат нешто што ги интересира, е сосема друга тема и за тоа е пресудна содржината што ќе ја поставите. Овој текст е само да ви прикаже колку е важно, а во истовреме и комплексно да се добие висок ранг на пребарувачите.

Entity Media со своите услуги нуди и оптимизација на вашиот сајт прилагодена за што повисок рејтинг кај пребарувачите, што резултира со повеќе посети, а со тоа повеќе клиенти и поголема ефикасност на вашата компанија.

Зошто е потребно ние да го направиме тоа?

Сите поголеми пребарувачи имаат можност да го пријавите постоењето на вашиот сајт во нивниот систем. Но тоа не е ни приближно доволно. Ова во секој случај треба да се направи, меѓутоа и да не го направите, многу е веројатно дека нивните т.н. web crawler-и ќе го сторат тоа, дури и наоѓајки ве преку линк од друг сајт.

Оптимизирањето на една или две страници од вашиот сајт не е доволно. Тој што го познава начинот на работа на пребарувачите знае дека тие ги анализираат сите страници од сајтот (Google на пример), истите ги индексираат и бараат клучни зборови (Keywords). Доброто распоредување на овие зборови е клучно за пребарувачот да ве стави како релевантен извор при прикажувањето на резулататите кога некој ќе го побара тој збор во Google, на пр.

Зошто воопшто да се оптимизира сајтот?

Постојат милијарди интернет страници во светот. И не треба човек да е научник за да примети дека е невозможно

сите да бидат во топ 10 резултатите на Yahoo, на пример. Комплексните математички формули наречени алгоритми за рангирање кои ги користат пребарувачите, ги прикажуваат сајтовите за кои пресметале дека се релевантни за поимот што некој го внесол во Google и чека резултати. Ова значи дека треба да се погрижите вашиот сајт да биде еден од нив. Тоа се добива со добра оптимизација. Како пример, ако Google не открие дека вашиот сајт е за продажба на пецива, нема да му даде високо место кога некој ќе побара "пецива" во овој пребарувач.

Статистичките податоци покажуваат дека 75% од луѓето што бараат нешто преку пребарувачите, не одат подалеку од две страни со резултати што ги дава пребарувачот. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од пребарувачите прикажува само 10 резултати по страна, значи дека доколку не сте во првите 20 резултати, многу луѓе нема ни да дојдат до вашиот сајт.

Квалитет наместо квантитет...

Во почетокот на текстов споменавме дека постојат интернет страници и софтери кои ветуваат одлични резултати дури и кај над 50.000 пребарувачи. Исто така споменавме дека и не постојат реално во толкава бројка. Порационално размислување е дека треба да се сконцентрираме на главните неколку пребарувачи, бидејќи многу од помалите ги користат токму големите како извор на информации.

Нашата компанија ги оптимизира сајтовите на своите клиенти исклучиво со регуларни и легални постапки, според најновите технологии воведени од најпознатите пребарувачи. Иако постојат многу други постапки, кои на краток рок привидно даваат добри резултати, може лошо да се одразат на рангирањето на вашиот сајт, а тие се наречени...

...Неетичка оптимизација за интернет страници

Некои од компаниите и поединци кои се занимаваат со оваа дејност, или одвреме навреме си дозволуваат да се наречат web дизајнери, користат методи кои се користеа порано кога системите на пребарувачите не беа толку софистицирани, а во денешно време се нарекуваат неетичка оптимизација. Со овие методи се постигнува вештачко подигнување на вашето рангирање кај пребарувачите, за сметка на квалитетот и точноста на резултатите од пребарувањето, што најчесто резултира со фрустрацијаи моментално исклучување на браузерот со вашиот сајт отворен на него. Зошто некој би сакал да отвори сајт со пецива на пример, а барал компанија што произведува одводни цевки. Само присетете се како ви било вам кога ви се случило тоа.

Токму поради овие причини, системите на пребарувачите секојдневно се надоградуваат со цел да ги препознаат овие техники и да ги изолираат од приказот во резултатите кај луѓето што бараат нешто преку нив. Ова би значело период на изолација и за вашиот сајт.

МНОГУ Е ВАЖНО да се информирате за начинот на оптимизација на вашиот сајт, без оглед каде и кој ви го изработува, бидејќи ретко кој посветува внимание и има знаење на оваа тема, која е многу актуелна во светот и неможе да се замисли сериозен интернет сајт без да се посвети додатен ангажман за нешто што би имало итекако добар (или лош) ефект врз промовирањето на вашиот сајт во светски рамки, а со тоа и директен ефект врз успешноста на вашата компанија.

Дамјан Јовановски

"Да се биде прикажан на листа како 11-ти или повеќе, значи дека многу луѓе ќе го "промашат" вашиот сајт" - Дени Саливан, колумнист во ClickZ Search Engine Marketing